КОНКУРСОТ Е АНКЕТЕН, ЈАВЕН, АНОНИМЕН И СТУДЕНТСКИ.
1. ОПШТИ УСЛОВИ
1.1. Распишувач на конкурсот: АВТОНОВА доо екпорт импорт Скопје во соработка со РАДИУС архитекти доо Скопје, а подржано од Економскиот факултет и Архитектонскиот факултет, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје
1.2. Изработувач на конкурсна програма: Радиус архитекти доо Скопје
1.3. Изработувач на проектната програма: Радиус архитекти доо Скопје во соработка со Екомоски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје
1.4. Предмет на конкурсот: Предмет на овој конкурс е идејно ентериерно решение за адаптација и редизајн на постоен простор со димензии 13х13 метри (169 m²), лоциран во склоп на објектот на Економскиот факултет. Просторот, кој претходно се користел како магацин, треба
да се трансформира во современ, поливалентен центар наменет за студентите.
1.5. Право на учество: Право на учество имаат студенти по архитектура (прв и втор циклус на студии) на Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје. Студентите треба да приложат потврда за статусот студент по архитектура. На конкурсот не
смеат да учествуваат: студенти кои се во работни или крвни врски со Распишувачот на конкурсот, Изработувачот на конкурсните услови и членовите на Оценувачката комисија. Секој учесник (поединец или група) може да учествува само со 1 (едно) конкурсно решение.
1.6. Објава и материјали: Конкурсот ќе се објави јавно, на веб страната на Радиус архитекти доо Скопје и веб страната на Архитектонски факултет, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.
1.7. Графичкиот дел: Графичкиот дел (постојна состојба и фото документација) од расписот на Конкурсот ќе биде достапен за преземање во електронска форма на www.radius.mk, во делот Актуелно (News).
1.8. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на web страната на Радиус архитекти доо Скопје: www.radius.mk
2. СОДРЖИНА НА ТРУДОВИТЕ
2.1. Графички дел (PDF формат од максимум 2 листa формат Б1 кој не смее да биде поголем од 24MB):
– Основа со диспозиција на мебел, опрема во размер 1:50
– Основана плафон со предлог осветлување во размер 1:50
– Карактеристични пресеци (изгледи) во размер 1:50
– Основи (шеми) на можни функции во размер 1:100 ( доколку е предвидено со решението)
– Перспективни прикази и(или) три фото-монтажи на предложеното решение на фотографии кои се дел од конкурсниот материјал во техника по избор
2.2 “Moodboard” (PDF формат од максимум 1 лист формат A4)
2.3 Текстуално образложение (во Word формат) на предложеното решение (не повеќе од 500 зборови).
3. ФОРМАТ ЗА ПРЕДАВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ
3.1 Конкурсниот труд се предава во електронска форма на ЦД, ДВД или УСБ диск.
– графички прилози: PDF формат со максимум 2 листa формат Б1 кој не смее да биде поголем од 24MB.
– текстуални прилози: DOC (word) формат.
3.2 Конкурсниот труд се предава во запечатено плико или папка кое треба да е со назнака “КОНКУРС за изработка на идејно архитектонско решение за ентериерно уредување на „Повеќенаменски студентски центар“на Економски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје и означено со шифра од максимум 5 знаци (бројки и/или букви), без потпис или било каква друга ознака што би го открила идентитетот на кандидатот. Пликото(папка) треба да содржи:
– ЦД, ДВД или УСБ диск со сите графички и текстуални прилози(текстуални и графички). Сите прилози треба да ја имаат во горен десен агол истата шифра на папката, без потпис или било каква друга ознака што би го открила идентитетот на кандидатот.
– Запечатено плико кое комисијата ќе го отвори откако ќе заврши оценувањето, означено со натпис „АВТОР“ и означено со истата шифра како и прилозите. Пликото треба да содржи име и презиме (имиња и презимиња) на автор-от/ите, контакт адреса и телефон. Автор-от/ите на конкурсниот труд, покрај наведените податоци треба своерачно да потпишат Изјава (во прилог), со која потврдуваат дека ги прифаќаат Конкурсните услови.
3.3 Конкурсните трудови можат да се предадат лично во канцеларијата на Радиус архитекти или преку пошта на адреса: Костурски херои 4в, 1000, Скопје, Република Северна Македонија
3.4 Конкурсните трудови кои се праќаат преку пошта, на пакувањето не смее да го наведат името,презимето и адресата на живеење на било кој од авторите на трудот или да упатуваат на некој од авторите.
3.5 Конкурсните трудови кои ќе стигнат подоцна од крајниот рок за предавање Конкурсната комисија НЕМА да ги разгледува.
4. РОКОВИ
4.1. Конкурсот започнува на денот на објавувањето: 15.04.2026-та година.
4.2. Oрганизирана посета на просторот на ден 20.04.2026 год. во 15.00 часот.
4.3. Учесниците на конкурсот имаат право да поставуваат прашања до 24.04.2026-та година, преку електронска пошта на radius.konkursi@gmail.com со назнака: ПРАШАЊА ЗА КОНКУРС – ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР. Одговорите на сите пристигнати
прашања ќе бидат објавени на веб страницата на www.radius.mk, најдоцна до 31.04.2026-та година.
4.4. Краен рок за предавање на трудовите е 25.05.2016-та година до 16 часот во Радиус архитекти доо Скопје на ул.Костурски херои 4в, Скопје.
4.5. 08.06.2026. Конкурсната комисија завршува со оценување (најдоцна 5 дена по завршување на оценувањето Распишувачот на Конкурсот ги објавува резултатите од оценувањето).
5. НАГРАДИ
5.1. Вкупниот награден фонд на конкурсот изнесува 195.000,00 денари во НЕТО износ.
5.2. Конкурсната комисија ќе ги додели наградите, со износи како што е прикажано подоле во текстот:
– Прва награда 95.000,00 денари
– Втора награда 65.000,00 денари
– Трета награда 35.000,00 денари
5.3. Наградниот фонд е обезбеден од АВТОНОВА доо експорт импорт Скопје.
5.4. Авторите на првонаградениот тим имаат право да учествуваат во изработка на изведбениот проект заедно со проектантскиот тим на Радиус архитекти доо Скопје.
5.5. Конкурсната комисија го задржува правото да го распредели наградниот фонд на различен начин од предвидениот, согласно заклучоците коипроизлегуваат од нејзината работа, односно квалитетот на пристигнатите трудови.
5.6. Распишувачот на конкурсот резултатите од конкурсот ги објавува на веб страната на Радиус архитекти доо Скопје: www.radius.mk
6. КОМИСИЈА
Претседател на Конкурсна комисија:
м-р Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ, Радиус архитекти доо Скопје;
Членови на Конкурсна комисија:
проф. д-р Јован Ивановски, Архитектонски факултет – Скопје;
проф. Д-р Ана Ивановска Дескова, Архитектонски факултет – Скопје
Мартин Пановски, Радиус архитекти доо Скопје
проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска, Економски факултет – Скопје;
7. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА ТРУДОВИТЕ
Редоследот на конкурсните трудови се одредува спрема вкупно освоените бодови од сите критериуми.
Критериуми за оценување:
– Креативност на програмското решение: Иновативност во дефинирањето на начинот на кој студентите ќе го користат просторот.
– Креативност на просторното обликување: Оригиналност во дизајнот, материјализацијата и атмосферата.
– Функционалност и трансформабилност: Ефикасност во искористувањето на дадените габарити.
– Рационалност и економичност: Рационалност на предложеното решение во однос на можностите за реализација и економичност во однос на тековно одржување.
8. ПРОЕКТНА ПРОГРАМА
Проект: Пренамена на простор во повеќенаменски студентски центар (Економски факултет)
8.1. Предмет на конкурсот
Предмет на овој конкурс е идејно ентериерно решение за адаптација и редизајн на постоен простор 169m², лоциран во склоп на објектот на Економскиот факултет. Просторот, кој претходно се користел како магацин, треба да се трансформира во современ, поливалентен центар наменет за студентите.
8.2. Цели на проектот
Основната цел е создавање на просторен „хаб“ кој ќе одговори на потребите на современиот студент. Решението треба да овозможи:
Флексибилност: Просторот треба да биде лесно приспособлив за различни сценарија (учење, социјализација, настани).
Интеракција: Поттикнување на формална и неформална комуникација помеѓу студентите.
Иновативност: Пронаоѓање на нов просторен модел кој ги надминува традиционалните академски рамки.
8.3. Програмски барања
Од учесниците се очекува да понудат сопствено видување за содржините кои треба да ги опфати центарот. Програмата е отворена и треба да ги поддржи следните активности:
Индивидуално и групно учење.
Одржување на неформални предавања, презентации и работилници.
Организирање на мали културни настани, изложби или трибини.
Место за одмор и слободни активности на студентите помеѓу предавањата.
Напомена: Не се дефинираат фиксни зони или прегради. Учесниците се слободни да го организираат просторот согласно нивниот авторски концепт.
8.4. Технички насоки
Подна површина: Задолжително е предвидување на нова подна обработка соодветна за јавен простор со висок фреквент.
Ѕидни површини: Задолжителна е нова обработка на ѕидовите.
Плафон: Учесниците можат да го задржат постојниот плафон доколку се вклопува во нивното решение, или да предложат нов третман/осветлување.
Осветлување и акустика: Решенијата треба да водат сметка за квалитетот на амбиентот (природно/вештачко светло) и акустичниот комфор.