ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ:
ПРАШАЊЕ бр.1
Дали е дозволено да се изведат поголеми отвори на фасадниот ѕид и/или на внатрешниот ѕид кој го одделува просторот од аулата?
Доколку е дозволено, кои се максималните димензии за овие отвори?
ОДГОВОР:
Не, не е дозволено отварање на било какви нови отвори, ниту кон аулата, ниту на фасадата. Треба да се предвиди замена на постоечката столарија и браварија, како и решетките на прозорите.
ПРАШАЊЕ бр.2
Дали може да се направат два поголеми отвори од постоечките 5 со тоа што би се споиле?
ОДГОВОР:
Не, не е дозволено од конструктивни причини, како и заради зачувување на оригиналниот лик на факултетот.
ПРАШАЊЕ бр.3
Дали е дозволено малиот преграден простор да се интегрира со главниот простор со отстранување (уривање) на ѕидот што ги разделува?
ОДГОВОР:
Не, не е дозволено. Малата просторија останува помошна просторија. Треба да се предвиди замена на постоечката врата.
ПРАШАЊЕ бр.4
Дали е дозволено отстранување на спуштениот плафон (дрвена ламперија и гипс-картонски плочи) со цел добивање на поголема висина на просторот?
ОДГОВОР:
Висинити во просторот се фиксни затоа што практично тоа е меѓукатната конструкција (над просторијата која што е предмет на уредување на овој конкурс има амфитеатар). Исто така со ламперијата се кријат постоечки инсталации кои не се менуваат односно остануваат, што значи дека единствено се менува ламперијата, меѓутоа висините остануваат.
ПРАШАЊЕ бр.5
До кој степен смееме да интервенираме на просторот, во однос на демонтирање на постоечки преградни ѕидови, поставување на лесномонтажни ѕидови во просторот, и дали е возможно да се демонтира или додава на спуштениот плафон кој е конструиран од дрвена ламперија и гипс картон?
ОДГОВОР:
Не е дозволено отварање на нови отвори и рушење на преградни ѕидови (види ги одговорите на претходните прашања). Дозволено е поставување на нови прегради. Во плафонот може да се интервенира само со замена на постоечката ламперија (види ги одговорите на претходните прашања). Може да се закачуваат и додаваат работи на постоечкиот плафон.
Опфатот на конкурсот е во рамките на просторијата која што е дадена во графичките прилози!