ИЗВЕШТАЈ ОД РАБОТАТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ Предмет: Селекција, евалуација и избор на идејно архитектонско решение за ентериерно уредување на „Повеќенаменски студентски центар“ на Економски факултет, универзитет „Св.кирил и Методиј“, Скопје.
Комисијата за избор, формирана од страна на распишувачот АВТОНОВА доо експорт импорт Скопје изврши детален преглед, евалуација и рангирање на пристигнатите трудови во согласност со условите пропишани во Конкурсната документација.
Комисијата работеше во следниот состав:
- Претседател на Конкурсна комисија- м-р Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ, Радиус архитекти доо Скопје;
- Членови на Конкурсна комисија
- проф. д-р Јован Ивановски, Архитектонски факултет – Скопје;
- проф. Д-р Ана Ивановска Дескова, Архитектонски факултет – Скопје
- Мартин Пановски, Радиус архитекти доо Скопје
- проф. д-р Катерина Тошевска-Трпчевска, Економски факултет – Скопје
Конкурсот беше јавно објавен на ден 15.04.2026. Крајниот рок за поднесување на трудовите беше 26.05.2026.
Процесот на евалуација се одвиваше во неколку фази:
- Прва фаза: Отворање на пристигнатите трудови и проверка на административната комплетност (дали се доставени сите потребни графички и текстуални прилози).
- Втора фаза: Анализа на трудовите под шифри заради зачувување на анонимноста на авторите.
- Трета фаза: Финално бодување, одбирање на трите победнички решенија, отворање на пликовите со идентитетот на авторите и прогласување на победниците.
Сите фази се одвиваа во еден ден на 04.06.2026.
Во предвидениот рок, пристигнаа вкупно 9 (девет) конкурсни трудови со следните шифри
1.Труд со шифра: „ЈАЗОЛ“
2.Труд со шифра: „2ZПА6“
3.Труд со шифра: „C4PKO“
4.Труд со шифра: „B6 A8J“
5.Труд со шифра: „ШКЉМЊ“
6.Труд со шифра: „Л5А8Е“
7.Труд со шифра: „3ORGN“
8.Труд со шифра: „DBURP“
9.Труд со шифра: „M285J“
Евалуацијата и бодувањето на секое решение се вршеше врз основа на следните однапред утврдени критериуми:
- Креативност на програмското решение: Иновативност во дефинирањето на начинот на кој студентите ќе го користат просторот.
- Креативност на просторното обликување: Оригиналност во дизајнот, материјализацијата и атмосферата.
- Функционалност и трансформабилност: Ефикасност во искористувањето на дадените габарити.
- Рационалност и економичност: Рационалност на предложеното решение во однос на можностите за реализација и економичност во однос на тековно одржување.
По детална дискусија и индивидуално бодување од страна на секој член, Комисијата го утврди следново финално рангирање на трудовите:
|
Ранг |
Шифра на труд |
|
Автор / и |
|
I место |
„ЈАЗОЛ“ |
Андреј Павловски, Христијан Пелтековски |
|
|
II место |
„ШКЉМЊ“ |
Горазд Тасевски |
|
|
III место |
„3ORGN“ |
Мила Лазаревска, Надја Мијатовиќ, Јана Муличкоска, |
Образложение за прворангираниот труд:
Трудот под шифра „ЈАЗОЛ“ едногласно беше оценет како најдобар бидејќи нуди најиновативно просторно решение, оригиналност во дизајнот, материјализација и атмосфера. Просторот е успешно поделен на делови кои одлично кореспондираат помеѓу себе, истовремено овозможувајќи да се изолираат. Комисијата ја цени иновативноста во комплетната тансформабилност на поединечните парчиња мебел, што ја прави употребата поедноставна.
Им честитаме на наградените…:)